Лила Филиповска затаила данок од 1.7 милиони – поднесена пријава против неа

Финансиска полиција поднела кривична пријава против сведокот во случјот Рекет, Лила Стојановска, која е осомничена дека затаила данок повеќе од 1,7 милиони денари.

Против Стојановска пријавата до Финансиска полиција ја поднеле фирмата „Изградба инженеринг ДАН-МАК“. Во пријавата е наведено дека ѝ уплатиле на Стојановска вкупно 16.095.600 денари за изготвување на „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“, а таа им ветила дека наводно ќе обезбеди донации од 3.580.000 евра за правното лице.

„Управата за финансиска полиција поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело даночно затајување до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Стојановска, која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен договор за изготвување на ‘Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права’ со ‘Изградба инженеринг ДАН-МАК’ – Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н“, соопштија од Финансиска полиција.

Парите, како остварен приход, Стојановска ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила буџетот на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter