Лазаров со јасна порака до Македонците: Заслужуваме секаква критика, одигравме под ниво и ова е удар за нас

„Треба со ладна глава да се изанализира мечот, сега не е време и место да се каже што било. Одигравме под ниво, со многу грешки и тоа беше пресудно. Морам да признаам и не изненадија со 5 плус 1. Лесно да се види каде беше грешката, разочарани сме, очекувавме многу повеќе. Но тоа е спортот, Австрија беше мотивирана, на домашен терен е“, рече капитенот Лазаров по мечот, заблагодарувајќи им се на сите присутни, но и за поддршката на сите.

„Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас, па и за македонскиот ракомет. Им се извинувам на сите присутни овде во Виена и на сите наши Македонци кои ни ја даваа поддршката“, додаде Лазаров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter