Куп банкноти од 500 евра, кафе, цигари и “мачето” полузавиткано во шарено ќебе – Вака уживала Јанева

Обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева на првата фотографија објавена како доказ за злоупотреба на нејзината функција за истрагата „Империја“ се гледа како седи на кожна гарнитура полузавиткана во шарено кебе. Пред неа масичка, на масичката купче пари со банкноти од 500 евра и пачки со назнака од „Тутунска банка“, цигари, овошје, кафе и благо.

Оваа и наредните фотографии и видеоснимки, презентирани денеска „Рекет“, се од вештачењето на мобилниот на првообвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13. Таа не гледа во камерата, фотографиите се како таа да не знае дека е сликана.

Следната фотографија е иста, само од друг агол, исто направена на 4 февруари 2019, отприлика две недели пред Боки да ја земе чантата „луј витон“ од домот на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter