КУМАНОВО – Медицински персонал позитивен на вирусот

Откако петмина во кумановската болница се заболени од коронавирус, Куманово се става во карантин. Станува збор за двајца доктори, една медицинска сестра и еден пациент. Земени се вкупно 63 брисеви за тестирање на вработените од болницата од семејството на пациентка која што почина од вирусот. Сите заболени од Ковид-19 имале контакт со починатата.

Поради тоа што едно лице од заразените кое е дел од медицинскиот персонал живее во околината на градот, поради што на владина седница одлучено е да се укине целосно меѓуградскиот превоз и градскиот превоз во Куманово.

„Сметаме дека со овие мерки и укинување на врските има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на вирусот. Интензивно се работеше се правеа интервјуа, се проценуваа секундарните контакти. Има 5 позитивни пациенти, тројца се здравствени работници, двајца лекари и една медицинска сетстра, Детално се испитува семејството од страна на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Куманово. До вечерва ги очекуваме резултатите од земените 63 брисови“, изјави Филипче.



Во Куманово е направена интензивна комуникација и засега ниту еден од семејство на починатата нема симптоматологија.Во овој град има вкупно осум случаи на коронавирус, вклучително и пациентка која што почина од Ковид 19. Филипче нагласи дека бил направен уште еден тест кај пациентката посмртно и таму се потврдила таа сензитивност на тестот, односно дека некогаш не се 1оо посто сигурни овие тестови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter