КОРОНА ВИРУС: Ќе ги затвори ли границите Македонија на своите иселеници во Италија

Информациите добиени од македонскиот Генерален конзулат во Венеција – Италија, кои ги соопшти Министерството за надворешни работи, истакнуваат дека до овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од корона вирусот.

Според последните информации, во Италија се потврдени 159 случаи на заразени лица со корона вирусот.

МНР работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот“, се вели во соопштението до медиумите.

Министерството за надворешни препорачува зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период, но сеушт еништо не посочува за затварање на границите за нашите иселеници во Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter