Клиниката за кожни болести од утре започнува со работа

По кратка пауза поради коронавирусот и актуелните случувања поврзани со неа, од утре започнува со работа клиниката за кожни болести, која беше затворена откако директорката на клиниката која сега е разрешена, се зарази од корона вирусот на нејзиното патување во Италија, а зарази и уште 6 други доктори.

Министерот за здравство, Венко Филипче, исто така изјави дека денеска и утре ќе бидат готови резултатите од тестовите на докторите од Заводот за рехабилитација во Козле, после што ќе се одлучи формата на работа на Заводот.

Од денеска затворена е и гинеколошко-акушерската приватна болница „Плодност“ во Битола, каде работи докторот заболен од коронавирус. Болницата ќе биде затворена 14 дена, а ќе се тестираат и сите кои биле во контакт со него. Сите ќе бидат пратени на домашна самоизолација, а потоа ќе се прави нова евалуација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter