Катица Јанева осудена на 7 години затвор, додека Бојан Јовановски на 9 години

Катица Јанева, Поранешната јавна обвинителка, денеска е осудена на вкупно 7 години затвор од страна на судот во случајот „Рекет“. Пресудата ја донесе судскиот совет со кој заседава судијката Васка Николовска – Масевска, а Јанева не присуствуваше денеска во Судот.

Бојан Јовановски, кој е првообвинет во случајот „Рекет“, за двете сторени дела, за кои беше обвинет доби по 5 години затвор, но сепак судот одреди единствена казна во траење од 9 години.

Судијката Васка Николовска – Масевска истакна дека овој случај е специфичен затоа што постоела опасност да биде нарушена довербата во судскиот систем и додаде дека биле изведени голем број докази.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter