Карачиќ: Ова ме потсети на Вардар и Лигата на шампиони!

Игор Карачиќ со херојскиот кам-бек на Хрватска против Германија се потсети на успесите на Вардар во Лигата на шампиони, вели дека мора да се верува во нешто за да се дојде до целта.

Хрватска направи голем исчекор кон полуфинале на Европското првенство откако вечерва ја совлада Германија со 25-24. Избраниците на Лино Червар практично цел натпревар губеа, во еден момент имаа и пет негатива, но не се предадоа и со голот на Игор Карачиќ во последната секунда направија херојски кам-бек.

„Навистина беше тежок меч, горд сум на овие момци, на целиот тим, на стручниот штаб. Не беше лесно да се игра. Сакавме за пет минути да го решиме натпреварот, не требаше така да пристапиме. Сакавме уште во првиот дел да ја обезбедиме победата и изгоревме во желбата. Но во продолжението покажавме карактер и тимски дух и на крајот славевме. Ова ме потсети на Вардар и Лигата на шампионите. Морате да верувате во нешто за да дојдете до целта. Имавме и ветер во грб од навивачите, направија прекрасна атмосфера, како да игравме дома. Не се откажаа ниту кога губевме со пет разлика“ – вели поранешниот вардарец Игор Карачиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter