Камион удри во полицаец кај Миладиновци

На влезот во селото Миладиновци, Скопско,товарно моторно возило „МАН“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од страна на И.Т. (56) од Радовиш, удрило во полицаец кој извршувал работни задачи.

Полицаецот добил тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter