Каменуван воз во Скопје

На  ден 02.03.2020 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 20:15 часот, помеѓу железничко стојалиште Скопје и железничко стојалиште Лисиче, од непознати лица, бил каменуван возот кој сообраќал на релација Скопје – Битола. Притоа, на возот било оштетено едно странично стакло, а откако било утврдено оштетувањето, возот продолжил со движење кон Битола. Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter