КАКО НА ПАЗАР: Камчев понуди 2.2 милиони евра за да му биде вратен пасошот

Одлуката ќе биде донесена пред апелациониот суд во четврток. Орце Камчев и претходно има понудено слична сума пред кривичниот суд, но му беше одбиена.

Откако му беа одземени и двата пасоши, македонскиот и бугарскиот,  Камчев лани во мај успеа да добие времена нова патна исправа од Катица Јанева додека таа сè уште беше специјална обвинителка.

Случајот империја е во фаза на истрага и го води обвинителката Лиле Стфанова.

Дали и какви истражни дејствија се преземаат  и дали истрагата ќе финишира со обвинение, засега нема информации од државното обвинителство, кое го презеде случајот од СЈО уште во септември лани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter