КАКО НА ДИВИОТ ЗАПАД: Убиено 20-годишно момче во престрелка во Скопје

Денес во Скопје во с.Шишево се случила престрелка во која едн лице го загубило животот.
Во СВР Скопје пријавено е од срана на лицето С.Т. (24) во Клиничката болница Систина, донесени се повредени лицата А.А.(20) и А.Г.(36) од село Шишево.

Пријавено е дека сите тројца се возеле во автомобил марка “БМВ” и дека пред нив се движел автомобил марка “Мерцедес” кој бил управуван од страна на лицето А.Ш. од село Шишево со кој предходно имале расправија.

Според исказот за полицијата, на влезот во село Шишево автомобилот марка „Мерцедес” застанал покрај патот, а веднаш по него запрел и Г.А., кој го управувал автомобилот марка „БМВ”. Е.Ш. и Г.А. по запирањето на автомобилот излегле надвор и започнале да се расправаат, по што Е.Ш. отворил оган со пиштол кон Г.А., а потоа и кон А.А..
С.Т. ги пренел двајцата повредени, А.А. и Г.А. во клиничката болницата „Систина”, каде А.А. им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter