Како на видео игра: 16-годишно момче носело пиштол и возело кола во Скопје

На 15.02.2020 во 12.30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16–годишен малолетник од с.Рашче, скопско. При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол “Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter