Како е да се биде во самоизолација во Италија? Исповед на наши иселеници

Самоизолацијата во Италија ги погоди и нашите иселеници. Целата територија на Италија е ставена во самоизолација, се со цел справување со коронавирусот или таканаречениот Ковид-19.
Во разговор со наши иселеници кои моментално се наоѓаат во Италија дознаваме каква е ситуацијата таму, што е дозволено и како се живее во такви услови.
Наш иселеник кажува дека долколку треба да одите на работа потребно е да имате документ од фирмата во која сте вработени, како дозвола за вршење на работна дејност. Излегувањето од домовите е строго забрането освен доколку имате потреба да испазарите неѓто неопходно во најблискиот маркет и притоа да немате контакт и муабетење на касата во маркетот со познаници, туку да бидете на растојание од минимум 2 метри. Забраната е донесена за само изолација и како таква ке трае до 3ти април.
Други иселеници кажуваат дека сакале да си дојдат во родниот крај но сепак одлучиле да останат таму како превентивна мерка против ширењето на вирусот. Истакнаа и дека имало и такви кои по било која цена би заминале од Италија, но сепак биле спречени на граничниот премин со Хрватска каде границата е блокирана со бетонски ѕидови.

Ситуацијата во Ломбардија е многу ризична, исто така и Милано е доста погоден од вирусот, пред некој ден имавме смртен случај во соседството поради вирусот, но сепак ние сме тука за да се бодриме едни со други и да се надеваме дека вирусот со наша помош ќе исчезне, доколку ги почитуваме мерките на надлежните органи. – истакна наш иселеник роден во Кочанско.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter