КАКОВ КРАЈ: Шарапова не успеа да се надмине, и стави крај на својата кариера

„Њујорк тајмс“ објави дека руската тенисерка Марија Шарапова ја заврши кариерата.

На ваков чекор Марија се решила поради зачестените повреди кои ја спречија да се врати во претходната форма. Русинката со своите 32 години се обидуваше изминатиете15 месеци да ги надмине проблемите, но не уиспеа.

Шарапова во текот на својата кариера има освоено пет титули на Грен слем турнирите, првата на Вимблдон кога имаше 17 години.

По враќањето на терените кога и заврши суспензијата во 2017 година, Шарапова се соочи со отпор. Некои официјални претставници на турнирите одбиваа да ја покануваат, додека некои од ривалките искажуваа незадоволство кога добиваше „вајлд карта“, тврдејќи дека е неправедно тенисерката која била санкционирана поради допингување, да добива „специјална покана“ за учество.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter