Какви позитивни ефекти имаат јајцата за нашиот организам?

Јајцата се вистинска суперхрана со многубројни позитивни ефекти за нашиот организам. Но дали смееме да ги консумираме толку често?

Кога станува збор за нивната хранлива вредност, јајцата се една од најдобрите намирници кои може да ги внесеме во нашиот организам.

Едно јајце содржи само 75 калории, 5 гр. масти и 6 гр. заситени масти, железо, витамини, минерали.

Какви позитивни ефекти имаат јајцата за нашиот организам?

Го зајакнуваат имунитетот

Јајцата се полни со витамини и минерали, а според Medical News Today, тие се одлична храна за имунитетот.

Имено, откриено е дека витамините А и Б12 ги поттикнуваат функциите на имунитетот, а овие витамини се наоѓаат во јајцето. Освен тоа, жолтката е одличен извор на витамин Д.

Кога најмногу ви е потребна енергија, јајцата се најлесната и најбрзата храна која може да ја подготвиме.

Подобро функционирање на мозокот

Витамините коишто се содржат во јајцата не се важни само за зајакнување на имунолошкиот систем, туку се важни и за здравјето на мозокот.

Јајцата не го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Не е точно дека јајцата се извор на лош холестерол. Иако е точно дека едно јајце во просек содржи 1,5 гр. заситени масти, истражувањата покажаа дека умерено консумирање на јајца не го зголемува ризикот од срцеви заболувања, туку нè штити од нив.

Ги зајакнува ноктите и косата

Со консумирање на јајца, на едноставен начин го зголемувате внесот на биотин. Биотин игра важна улога во развојот на кератин.

Јајцата освен витамин Б12 содржат и протеини, цинк и железо, а тоа се хранливи материи за здрава коса.

Според дерматологот Денди Енгелман, овие хранливи состојки помагаат на структурата на косата, разградувањето на јаглехидратите и мастите и распоредување на кислородот до телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter