Каква казна заслужуваат: Двајца штипјани брутално тепаат девојка

Брутално, со тупаници и клоци двајца штипјани најизменично тепаат девојка.

На видеото кое вирално се шири на социјалните мрежи може да се види како едниот од насилниците држи во раката држи тест за бременост, додека девојка која е малтретирана и истепана очајно моли да престанат да се иживуваат врз неа.

Нсилство паралелно го вршат и двајцата штипјани, додека едниот немилосрдно ја тепа, другиот снима со телефон, а потоа обратно.

Јавноста е згрозена и впзнемирена од овој чин, од видеоснимката која стана вирална, а за која засега не е познато кога е направена. Полицијата веќе работи на расчистување на случајот, насилниците се приведени и се наоѓаат  во полицкисата  станица во Штип. Предмет отвори и јавното обвинителство.

Според информациите од полициската станица Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р. За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот. – информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев..

Секое насилство е за најостра осуда и треба да се пријави, реагираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права и апелираат видеото да се отстрани од социјалните мрежи.

„Секој кој претрпува било каков вид на насилство, а посебно жртвите на семејно и родово насилство може да се обратат до Хелсиншкиот комитет за човекови права.  Во време на пандимјата ние работиме секој ден од 9 до 14 часот и даваме бесплатна правна помош, проценуваме поединечно по случај дали има потреба за преземање на дополнителни дејствија, поврзани сме и со другите невладини организации, кои работат на оваа тематика и имаат сервис за заштита.”изјави Јована Јовановска –  Хелсиншки комитет за човекови права.

Поради вознемирувачката содржина која е прикажана на видеото, истото нема да биде објавено од наша страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter