КАЗНА ЗАТВОР ДО 1 ГОДИНА ЗА СИТЕ КОИ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Според кривичниот законик според со член 206, следува парична казна или казна затвор до една година за сите оние кои нема да ги почитуваат препораките кои ги соопштува Владата против ширење на корона вирусот.
На прес конференцијата која ја даде Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека сите оние кои нема да се придржуваат кон препораките , ке бидат казнети според член 205 и 206 од Кривичниот законик.

„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“, стои во членот 206 за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter