КАДЕ ИМ ОДИ ДУШАТА: Скопјанец со тупаници по главата го удирал едногодишното дете на својата вонбрачна партнерка

Едногодишно дете било претепано од страна на партнерот на неговата мајка. Очувот на возраст од триесет и четири години, од Скопје, е обвинет поради физичко малтретирање на дете кое, од страна на него било ударано со тупаници по главата и лицето со што се здобило со тешки телесни повреди.

По спроведената истражна постапка од страна на ОЈО (основното јавно обвинителство) од Скопје, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против скопјанецот за кривично дело запуштање и малтретирање дете.

„Обвинетиот се товари дека го сторил делото на 23.12.2019 година, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила своето едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка. Обвинетиот очув, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал со возилото, го малтретирал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи“, информираа од Обвинителството.

Обвинетиот е во притвор, а надлежен јавен обвинител побара  продолжување на притворот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter