КАДЕ ИМ ОДИ ДУШАТА: Повторно силувано малолетно девојче

ОЈО Тетово покрена постапка против деветнаесет годишен тетовец, за сторено кривично дело од типот полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188, став 1 од Кривичниот законик .

Осомничениот за стореното кривично дело влегол во зграда и се качил на првиот кат, при што од прозорецот во ходникот го повикал детето.
Откако детето на возраст од 12 години му се приближило, осомничениот го извршил делото кое му се става на товар и за кое е обвинет.

Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, страв дека ќе ги сокрие трагите од кривичното дело или ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Тетово, достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па со Решението на судијата на претходна постапка, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter