И Црна Гора му подлегна на вирусот: Две жени се првите заразени со коронавирус

Денес во Црна Гора потврдени се два случаи на корона вирус, потврди премиерот на државата Душко Маркович, кој порача дека нема место за паника.

Станува збор за женски особи, од кои едната е родена 1948, а другата 1973 година. И двете заразени од вирусот во изминатиот период предтојувале во земја со потврдена спидемија на коронавирус.

Премиерот Маркович кажа дека здравствените установи можат да се справат со целата ситуација и дека во државата од овој момент започнува нова фаза, фаза за дправување со вирусот.

Апелираше до граѓаните да не креваат паника, дека се превземаат мерки за заштита и спречување на ширењето на вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter