Италијанскиот државјанин кој вчера стигна во Македонија примен на Инфективна

Италијанскиот државјанин кој синоќа беше примен на Инфективна клиника со симптоми на грип е негативен на тестовите за коронавирус соопштија од Министерството за завство и истакнаа дека нема место за паника.
Тој пристигнал вчера со лет на Визер од Милано.

Лицето првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен за преглед.
Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот бил ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно со утврдениот протокол за утврдување на позитивност на тестот за корона вирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter