Исто како во Холивуд – Вооружан грабеж во банка во Ѓорче Петров
Вооружан грабеж во банка во Ѓорче Петров
Утринава во НЛБ Банка во општина Ѓорче Петров се случил вооружан грабеж, каде биле присутни вработените во експозитурата и клиенти. За среќа нема повредени.
Затекнатите клиенти и вработените во експозитурата на НЛБ во Ѓорче Петров се во постојан контакт со претставници од банката кои ја одржуваат нивната безбедност.
Од банката инрофмираат дека соработуваат со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, а воедно и утврдување на висината од направената штета.
