Имате залихи на презервативи? – Најголемиот производител предупреди со недостиг на овој производ

Најголемиот светски производител на презервативи, односно малезиската компанија која го носи името „Karex Bhd”, предупредуваат дека постои глобален недостиг на овој производ, откако блокадата поради новиот коронавирус го принуди да запре со производството.

Кско резултат на вирусот кој го загати целиот свет, во последните десет дена компанијата нема произведено ниту еден презерватив ниту во една од трите малезиски фабрики.

Тоа е веќе недостиг од 100 милиони кондоми кои обично се продаваат на меѓународно ниво со брендови како „Дурекс”.

– Ќе бидеме сведоци на широко распространет глобален недостиг на презервативи, што ќе биде застрашувачки. Тоа нема да трае само две недели или еден месец. Овој недостиг може да биде со месеци, изјави Го Миа Киат, извршен директор на компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter