Илир Мета посочи: “Намерата на Рама е враќање на диктатурата”

Илир Мета, претседателот на Албанија, се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос. Мета на таа средба рекол дека според него намерата на оваа власт е враќање на диктатурата.

-Благодарен сум за помошта која европските институции и земјите членки го дадоа за албанскиот народ. Алчноста на мнозинството по секоја цена и со анти-уставни мерки да го поттчини Уставниот суд, го нарушува угледот на оваа клучна институција за отчетност на владата и сериозно ја компромитира волјата на мнозинството да се отворат преговори за пристапување со Европската унија. Освојувањето на анти-уставниот закон на денот кога во Тирана пристигна Венецијанската Комисија ја покажува длабоката непочит кон оваа меѓународна институција и докажува дека целта на оваа мнозинство е враќање на диктатурата преку “правни лекови“

– изјави претседателот на Албанија, Илир Мета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter