Зошто мажите со стомак имаат подобар секс од совршено мускулестите?

Истражување кое е направено пред неколку месеци, откри дека 3 од 4 жени попрво би се соблекле пред маж со стомак, односно маж кој има некој килограм плус, одколку пред некој кој е атлетски граден.

Цели 96% од жените кои се дел од истражувањето, сметаат дека состанокот со маж кој е опседнат со своите мускули и своето тело, ќе заврши трагично, нема да го добие тоа што го посакува.

Па, зошто тогаш жените упорно сонуваат за совршени стомачни, а се задоволуваат со мажи кои слободно го дојадуваат и нивниот оброк?

Според секспертот Трејси Кокс, жените се плашат кога ќе ги видат добро обликуваните машки мускули.

Скоро 75% од жените одбиваат да се соблечат пред мускулест и стегнат маж. Неговата посветеност го издава нејзиниот недостаток, правејќи ја жената да се чувствува грдо и неудобно во своја кожа. Затоа, жените бираат мажи кои не се закана за нивната самодоверба.“

zosto-zaoblenite-mazi-imaat-podobar-seks-od-sovrsheno-muskulestite-01.jpg

Уште еден интересен, или не толку интересен податок, е што половина од жените би одбиле секс, дури и да се добро расположени и да имаат секси долна облека на себе, само затоа што се чувствуваат „дебело“.

Разликата помеѓу мажите и жените е тоа што кога мажите се гледаат во огледало, без разлика на тоа како изгледаат и колку килограми имаат, решаваат да се фокусираат на делот кој им е најдобар, најразвиен, додека жените „легнуваат болни“ доколку некоја друга има потесен струк или позаоблен задник.

Можеме да заклучиме дека реалните стандарди се добри, но зошто да не се „почестите“ со нешто над просекот кога имате шанса?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter