Зоран Милески – Кичеец е на слобода

Зоран Милески – Кичеец кој е осуден во случајот „Рекет“ е ослободен од домашниот притвор и одлуката за жалба на пресудата која ја има поднесено до повисокиот суд ќе ја чека од слобода.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека има дадено позитивно мислење за Кичеец да биде на слобода до правосилноста на пресудата. Таа вели дека тој дал гаранција во недвижен имот, но не кажа за колкава вредност станува збор.

Зоран Милески барал да биде ослободен од куќен притвор бидејќи во изминатите денови починал неговиот татко, но и поради други семејни причини кои ги навел во барањето.

Тој е осуден на три години затвор за примање награда за противзаконско влијание во случајот „Рекет“, откако на почетокот на судскиот процес го призна делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter