За да не им се наруши угледот – Рекет продолжува позади затворени врати

Повторно судот ги затвори вратите за јавноста и новинарите во Рекет. Позади затворени врати ќе се емитуваат уште три разговори кои до Судот ги доставил веќе осудениот во Рекет, Зоран Милевски Кичеец.

Денеска пред да почнат да се емитуваат овие разговори Русковска заврши со изведување докази обезбедени преку ПИ мерки како и претставување на анализата на вештачењето на телефонската комуникација на обвинетите.

И покрај тоа што Катица Јанева и Бојан Јовановски инсистираа разговорите да ги слушне и јавноста, сепак обвинителката Русковска посочи дека со јавно емитување ќе се загрози угледот на лица кои се споменуваат во разговорите. Токму на ваквиот став реагираа обвинетите со објаснување дека при презентација на доказите кои до нив ги доставил бизнисменот Орце Камчев, на јавен линч биле изложени нивните семејства пријатели и блиски роднини.

Судот донесе одлука и го прифати предлогот на Русковска разговорите да ги слушнат само судиите и обвинетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter