За време на полицискиот час, кавадарчанец бегајќи од полицијата скршил нога

Кавадарчанец бегајќи од почицијата се здобил со скршеници прескокнувајќи ограда. За оваа информација потврди Ратко Грков, доктор во Брза помош од Кавадарци, кој изјави фека дтанува збор џа 30 годишен маж.

Брзата помош добила повик вчера околу 18:00 часот.

Од амбулантата информираат фека младиот човек имал две скршеници на двете коски на потколеницата и морал да биде имобилизиран и пренесен во болница. Стануваше збор за повреда за која е потребен оперативен третман.

30-годишникот, додека се движел со својот автомобил,  му била покажана сигнализација од полицијата за да застане,но тој не го почитувал знакот и продолжил кон селото Марена. Тој во селото излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да влезе во дворот на другар. Таму се повредил при тој скок.

Со повреденото момче било уште едно лице кое имало зголемена температура и болки во гради и мускули, па било упатено кај матичен лекар за да му се направи епидемиолошка анкета за понатамошно постапување, според препораките на Министерството за здравство. Со Брза помош било однесено дома со препорака да се самоизолира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter