Заразен со Ковод-19 дирекно им плукал во лице на група полицајци – Сите се ставени во карантин
Вкупно четиринаесет грчки полицајци се ставени во карантин по инцидент во Атина, откско маж кој тврди дека е заразен со коронавирус им плукал дирекно во лице.
Како што пренесуваат грчките медиуми, мажот на 26 годишна возраст е уапсен вчера во јужна Атина ппради кршење на ретровизори на автомобили во околинста во која живеел.
Тој на полицајците им рекол дека во Атина неодамна се вратил од Лондон и дека со тестови е утврдено дека е позитивен на коронавирус. Меѓу обвиненијата подигнати против него се наоѓа и непочитување на обврските на самоизолација во период од 14 дена.