Закажана лидерска средба: Какво влијание ќе има коронавирусот врз изборната кампања за претстојните парламентарни избори

Лидерите на политичките партии во Македонија закажаа заедничка средба за утре на која заедно со премиерот Оливер Спасовски ќе дискутираат за актуелната состојба со корона вирусот во земјава и за мерките кои ги презема Владата за да го спречи ширењето на вирусот, како и за целокупното влијание врз претстојните парламентарни избори, односно одвивањето на кампањата.

Ви текот на вчерашниот ден, Владата донесе повеќе препораки во врска со коронавирусот во државата, меѓу кои беше ставена и забрана за одржување на сите масовни собири и настани на отворен и затворен простор со над 1.000 учесници во следните 14 дена, што се поклопува и со почетокот на кампањата за изборите. Доколку оваа мерката биде продолжена, или доколку бидат заострени мерките, што ќе зависи од натамошниот тек на ширењето на заразата, тоа може да влијае врз одржувањето големи предизборни митинзи и собири.

На лидерската средба кај премиерот Спасовски се очекува да присуствуват лидерите на најголемите политички партии – на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Беса, ДПА, Алијанса на Албанците и на Алтернатива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter