Заев и Ципрас ја добија Меѓународната награда за мир
Овогодинешните добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, се поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Наградата им се доделува како признание за Преспанскиот договор со кој е постигнато решение на спорот за името.
– Ципрас и Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион’ – изјави д-р Рајнхард Зинкан претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе.
– Без Ципрас и Заев, прашањето околу името немаше да се разреши и меѓусоседскиот спор ќе продолжеше да го дестабилизира целиот Балкански регион.
– додава Зинкан.

Наградата ќе биде свечено доделена на 19 септември, во Минстер, каде што ќе се обратат двајцата поранешни премиери и доскорешната преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Инаку, со оваа награда Преспанскиот договор е потврден како клучен документ за стабилноста и европската иднина на регионот, пред се на Северна Македонија.