Заев: Државата ги спасува работните места на граѓаните, донесени се важни мерки!

Денес се донесени многу важни одлуки со кои државата ги спасува работните места на граѓаните, се огласи на Фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Драго ми е што денеска Владата на Северна Македонија прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме јас и економскиот тим на СДСМ, но и донесе дополнитени мерки.

Ова се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата со коронавирусот, мерки што ќе значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.

Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата.

Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг.

Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.

Само здравје да има, ќе има и економски напредок, ќе има и развој“, истакна Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter