ЗАЕВ: “Во Германија е досадно” – сподели стратегија за враќање на иселените

Доколку сме патриоти, мораме да и помогнеме на државата, повикува лидерот на СДСМ – Зоран Заев, во интервју за ТВ Здравкин, зборувајќи на темата за иселувањето на (не само) младите.

„Светот денеска е глобално село и во авион, воз, автобус можете да се најдете секаде. Денеска сте овде, утре сте во Токио, Брисел, Берлин, Берн, било каде. Суштината е што помалку луѓе да ни бeгаат и ако може, што повеќе да се враќаат“

вели Заев

Сепак, тој потенцира, дека луѓето не треба да си заминуваат и згора на тоа и да се враќаат, предуслов е тоа да се овозможи. А формулата, вели, е едноставна и нема што ново да се измислува:

„Затоа ја испраќам секогаш пораката до младите; Денеска дури и тие што работат може да одлучат да одат во Германија, Швајцарија, Италија. И веројатно таму ќе земаат поголема плата. Но прво што треба да направат е пресметка – дека кога ќе ја платат киријата, трошоците на живот, ќе видат дека помалку ќе им останат отколку дома ако работат. Вториот дел е предизвикот на животот, на младоста. Таму, Германија веќе е на висок стандард. Бранот е дигнат и се качуваш и се возиш на него. Овде НИЕ ќе го креваме бранот. НИЕ ќе ги направиме промените. НИЕ ќе учествуваме во предизвикот на нашиот живот. Таму е досадно и животот ќе помине. Тука предизвикот е силен и ќе биде животот исполнет“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter