Загина 38 годишен маж во пожар кој избувнал во неговата куќа во прилепско

Загина триесет и осум годишен маж во пожар кој избувнал во неговата куќа во прилепското село Враилово. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 12 часот, кога настанал пожар во куќата која е сопственост на Ј.Т.(38), при што лицето починало на самото место на настанот.

Констатирање на смртта извршила екипата на Итната медицинска помош.
Пожарот бил саниран, а причините за истиот се утврдуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter