“ЗАГИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Р.МАКЕДОНИЈА” – Одекнуваше секаде – Шеснаесет години се сеќаваме на трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми ќе биде предводник на делегацијата на Владата за одбележувањето на16 годишнината од смртта на претседателот Трајковски, во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската несреќа. На одбележувањето во Мостар најавено е присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе положат цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, цвеќе ќе положи владина делегација во состав министер за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter