ЗАГИНА МАКЕДОНЕЦ: МУ СЕ СЛОШИЛО ДОДЕКА ВОЗЕЛ КОН РАБОТА

48 годишен македонец загина во сообраќајка во Италија, која се случила на патот кај Боглието ди Костиљоне, преку Алба, води кон Кастањола Ланзе.

Веста ја пренесоа италијанските медиуми според кои македонскиот државјанин настрадал додека бил на пат кон работа во Костиљоле во провинцијата Асти.

На мажот веројатно му се слошило, бидејќи со возилото „фиат стило“ излетал од патот и удрил во ѕид од куќа но, се претпоставува дека не возел со голема брзина бидејќи немало никакви траги од кочење, туку веројатно изгубил контрола.

Она што се додава е дека неговото тело било најдено надвор од автомобилот, а претпоставките се дека излгол од возилото и починал, но засега полицијата не ги потврдува овие наводи бидејќи се работи на расчистување на случајот.

Интервенирале и пожарникарите на „Асти“ и во моментот патролите на сообраќајната полиција во Ница се уште се на работа во Боглието, со присуство на командантот на одредот Стефанија Зецо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter