Забранет влез и излез од овие два градови во Македонија!

Министерот за здравство Венко Филипче денес информираше дека пациенти кои се веке на клиниките се во стабилна здравствена состојба, освен пациентката од Дебар која беше заразена заедно со нејзиниот сопруг. Таа има влошување на состојбата и се наоѓа на граница на вклучување на апарат за механичка вентилација.

Денеска дошле материјали за тестирање од Центарот за јавно здравје во Дебар од уште десет лица и од нив четворица се покажале позитивни на коронавирусот, кои веднаш ќе бидат префрлена на Инфективната клиника во Скопје.

На скопскиот аеродром кај еден патник од Германија, македонски државјанин, регистрирана е повисока температура. „Тој и патниците кои седеле до и околу него се изолирани. Од сите земени се примероци и се чекаат резултатите“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче рече дека Владата донела одлука во двете општини, односно Дебар и Центар Жупа да се ограничи движењето на луѓето таму, односно забрана за влез и излез од овие општини.

Филипче најави санкции за оние што не ги почитуваат мерките и препораките, вклучувајќи и за сега веќе бившата директорка на Кожната клиника и за компанијата што го организирала симпозиумот ако се потврди дека знаеле за случајот.

„Мерките се многу сериозни. Колку треба толку ќе повторуваме дека мора да се почитуваат. Ова е врвен приоритет, здравјето е врвен приоритет”, изјави Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter