Животни лекции кои може да ве научи вашата мачка

Иако за мачките се зборува дека не сакаат никој друг освен себе, тоа не е вистина – тие само си се ставаат себе секогаш на прво место. Па, почнете од таа лекција.
Вистината за мачките е дека имаат свој став и дека не сакаат да бидат задевани кога не се расположени за игра.

Сепак, вашето милениче може да ви помогне да сфатите неколку животни поенти:

Те сакам, но себе се сакам повеќе

Мачките ги сметаат за себични животни, но нема апсолутно ништо лошо во тоа да сакате вие да сте си приоритет себе. Ќе бидете многу посреќни кога ќе научите дека треба да го правите она што ви одговара и што ви е удобно.

Свързано изображение
Не прифаќајте „не“ како одговор

Ако мачката е гладна, таа ќе инсистира да ја нахраните. Ако ѝ се гали, ќе дојде и ќе ви се умилкува. Тоа го прави затоа што точно знае што сака. Од нејзе научете како да држите до своето кога знаете дека сте во право.

Луѓето се однесуваат кон вас онака како што им дозволувате

Од вашата мачка можете да научите дека на луѓето треба да им дадете ограничувања во односот кон вас. Ако нешто не ѝ одговара, мачката е спремна да изгребе или да гризне. Ова не значи дека вие треба да правите така, туку едноставно, на сите дајте им до знаење кои се вашите граници на толеранција.

Резултат с изображение за cat cuddle
Грижа за себе

Ако мачката се извалка, нема да се намири додека не се исчисти од нечистотијата. Кога ѝ се спие, таа спие, ако ѝ се јаде, тогаш јаде, но не претерува со количината, туку ги дели оброците во текот на целиот ден.

Како да продолжите понатаму

Мачките умеат да се дочекаат на четири нозе и не дозволуваат ништо да ги вознемири на долгорочен план. Често, откако ќе направат грешка не ни погледнуваат зад себе, а после секој пад, се протресуваат за да ја „издуваат“ прашината и продолжуваат понатаму.

Резултат с изображение за cat

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter