Емил Јакимовски добива лекување во Бардовци и казна затвор од една година и осум месеци

Емил Јакимовски кој е поранешниот вработен во Централниот регистер, а воедно и обвинет за упатување закани кон новинарката Мери Јордановска, како и загрозување на безбедноста на неговата поранешна сопруга денес е осуден на казна затвор од една година и осум месеци затвор, а дополнително добива и лекување во психијатриската болница во Бардовци.

Информацијата е потврдена од страна на адвокатот на поранешната сопруга на Јакимовски, Јанаки Митровски. Лекарот ќе утврди колку време Јакимовски ќе треба да помине во Бардовци, откако му било утврдено психичко растројство, па потоа ќе оди на издржување на казната затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter