Евросонг 2020 е откажан поради пандемијата на коронавирус

Овогодишниот Евросонг кој требаше да се одржи во Ротердам, Холандија е откажан. Веста е објавена на официјалната страница на Евросонг.

„Со големо жалење ви пренесуваме дека е откажан Евросонг 2020 во Ротрдам. Во изминатите неколку недели истражувавме многу опции за да го одржиме натпреварот. Сепак, поради неизвесноста од Ковид-19 во Европа, и ограничувањата кои ги поставуваат останатите земји, исто како и холандската влада, Европската радиодифузна унија донесе тешка одлука дека е невозможно да се одржи манифестацијата во живо, како што беше планирано“, стои во објаснувањето.

„Многу сме горди што Евросонг секоја година досега, без прекин, ја обединуваше публиката и ни сме, исто како милиони обожаватели ширум светот, исклучително тажни што не може да се одржи и оваа година во мај. EBU, NPO, NOS, AVROTROS и градот Ротердам ќе разговараат за да бидат домаќини на натпреварот во 2021-ва година“, продолжуваат тие.

„Ги молиме луѓето да нè поддржат додека работиме на последиците на оваа невидена одлука и додека трпеливо ги чекаме новите вести во наредните денови и недели“, стои во соопштението.

Васил Гарванлиев со песната „You“ требаше оваа година да ја претстави нашата земја на Евровизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter