Еве што превземала Турција за да нема ниту еден заразен со коронавирус!

Интереснен факт е дека Турција сеуште нема регистрирано ниту еден случај заразен, односно позитивен на коронавирус, па многумина се прашуваат како е возможно тоа и покрај тоа што Турција е огромна земја со 80 милиони жители и дневно посетена од милиони туристи.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коца во свое излагање ја пофалил владата за ефикасното спречување на влегувањето на вирусот во земјата. Како Турција засега успеала да го сопре коронавирусот, а другите земји не?

“Сите кои се враќаат во Турција ги советуваме да одат во самоизолација на 14 дена. Хронично болните и оние постари од 50 години не треба воопшто да излегуваат. Ако баш мораат, нека носат маска”, вели Коца, кој тврди дека во земјата биле тестирани 2.000 луѓе, и дека сите биле негативни на коронавирусот, што е за голема пофалба.

“Ако вирусот влезе во Турција, ќе го донесе некој од странство”, рекол министерот и како клучна работа во спречувањето на ширењето на вирусот го означил затворањето на границата со Иран.

Турците доста брзо реагираа, уште на самиот почеток кога епидемијата почнала да се шири од Вухан, ги забраниле сите летови во Кина и ги затвориле границите со Иран. Сепак, со право многумина се прашуваат дали е тоа доволно за сопирање на вирусот, кога во сите соседни земји е потврдена зараза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter