Еве што всушност се случува на небото во Македонија овие денови (фото+видео)

Овие денови на социјалните мрежи кружат статуси и фотографии поврзани со појави на небото над Македонија, па затоа во продолжение следува објаснување од страна на астрономите на Македонија.

Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа оди во правец север. Со својот исклучително голем сјај ги збунува луѓето. Венера е после Сонце и месечина нешто најсјајно на небото и може дури да се види дури и во денот ако знаете нејзина точна локација. Во народ е позната како ѕвезда Деница или Вечерница затоа што навестуваат доаѓање на денот или вечерта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должи на погрешно интерпретирање на набљудување на Венера или просто незнаењето.

сл1

Второ се сателитите а особено нова класа на телекомуникациски сателити таканаречени Старлинк сателитите од компанија СпејсИкс (SpaceX). Се лансираат по 60 сателити одеднаш и до сега се лансирани 5 ракети по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 ( и со букви дванаесет илјади) само во прв налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно така да можеби во иднина да гледате многу повеќе сателити од колку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како некој воз во ред еден по друг и имавме многу повици и пораки напишани да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно или целосно ќе им разјасниме мистеријата.

сл2

Но не само овие сателити. На небото се гледаат многу други сателити и можете да ги познаете така што релативно споро се движат и не трепкаат. Ако трепкаат, тогаш се работи за авион. Еден од најсјајни вештачки сателити е Меѓународната Вселенска Станица (МВС) која има сјај речиси колку Венера кога е блиску до нас.

Ако се наоѓате некаде надвор од големи урбани средини каде има големо светлинско загадување можете да видите и еден долг облак кој се протега низ цело небо, во овој период е во рани утрински часови, се работи за нашата галаксија те Млечен Пат. Ако е сте го виделе тогаш вреди и да се разбудите и да го видите. Ако не почекајте лето. Тогаш ќе се гледа одма по стемнување и речиси цела ноќ ќе го гледате.

Но ако сте се веќе разбудиле тогаш останете да ги причекате трите планети пред изгрејсонце. Некаде после 3:30 часот на сабајле во правец на југоисток можете да видите три планети. Најсјајна е Јупитер со млечно жолто-бел сјај, малку полево од неа е Сатурн и можете да го препознаете како послаба ѕвезда која не трепери со жолтеникава боја. Уште малу полево и малку подолу се наоѓа планетата Марс кој лесно ќе го познаете оти светли со црвенкаста боја и исто така не трепери за разлика од околните ѕвезди.

мп

Се надевам дека успеав да ви разрешам некој од загатките ако сте ги имале деновиве. Ако се појават други нешта што ве бунат слободно пишете ни на маил или на нашата фејсбук страница и ќе се обидеме да ви одговориме и да ве разувериме дека не се вонземјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter