Еве какви пораки му пишал Заев на Боки 13 – Најнови вести од денешното рочиште на “Рекет”

На денешното рочиште за беа прочитани пораките помеѓу Бојан Јовановски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Бојан Јовановски ги испраќа овие пораки на неговата мајка на 16 април, неколку дена пред случајот да биде пријавен, а претпоставката е дека истиот ден била и комуникацијата меѓу Заев и Боки 13.

Најпрв Бојан Јовановски му испраќа порака на Заев која гласи вака:

“Никогаш не сум го злоупотребил твоето име, од секогаш сум ве почитувал. Крајната одлука за нашиот однос ќе биде твоја одлука. Јас сум ти другар и пријател. Јасно кристална ми е целата конструкција. Ве молам кога ќе можете да ме примите.

Заев му враќа:

“Сум се борел храбро, јас сум претседател на Влада и должен сум да го заштитам владеењето на правото. Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен, за да јас напишам таков одговор. Извини, но грозно е!”

Потоа Бојан Јовановски пак му пишува на Заев:

“Ви кажувам и тврдам, уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име”

се правдал Боки.

Заев, повторно му враќа порака на Боки:

“Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет!”

завршува Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter