Дуковски: Никој не го ферма додека не умре (Здравјето на Бојан Јовановски се влошува)

Никој не го ферма Бојан Јовановски додека не умре еден ден, истакна неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој во изјавата за “А1он” кажува дека здравствената состојба на Бојан Јовановски, кој е прво обвинет во случајот “Рекет” секој ден се повеќе и повеќе се влошува. Тој истакнува дека во затворот не може да се спроведе режимот кој го препорачуваат докторите.

“Секој ден го носат во болница. Десет установи кажуваат дека за него треба соодветен хигиенско-диететски режим. И затворскиот доктор кажува дека не може таков режим да се спроведе таму. Утре треба да се земат хистолошките резултати, од земениот материјал од чировите во желудник. Никој не го ферма додека не умре некој ден, па тогаш ќе видиме на кого ќе ја префрлат топката. ” – вели Дуковски.

Адвокатот на Јовановски, не сакаше да коментира за заканите кои Бојан ѓи добивал преку посредници. Исто така Јовановски истакнува пред судот дека себеси се гледа како политички затвореник, а воедно пријавил и закани за негова ликвидација.

Останува да видиме како ке се одвиваат нештата на следното рочисте закажано за во понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter