Донесоа тешка одлука: Лицата постари од 60 години да не се ставаат на респиратори

Во моментот ситуацијата во Италија е далеку од добра, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 792 мртви, а вкупната бројка на жртви од корона вирусот ја надмина бројката од 5000.

Поради ваквата ситуација во која се наога Италија и огромниот број на заболени, донесена е одлука според која лицата постари од 60 години нема да бидат ставени на респиратори.

Оваа информација ја открива изралскиот доктор Гаи Пелег, кој моментално е на терен во Италија, таа изјава тој ја даде за „Канал 12“, а вели и дека допрва ќе следуваат ригорозни мерки, бидејќи ситуацијата се влошува.

Фокусот е ставен на помладите пациенти, а оние над 60 години се во „втор план“. Поради тоа, на сите лица над 60 години им е дозволено да се видат со своите најблиски и покрај забраните и карантинот. Со ова се дава до знаење, дека ги подготвуваат за најлошото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter