Докторите со предупредување: Овие симптоми укажуваат дека можеби сте заразени со коронавирус

Со доаѓањето на коронавирусот во овој регион, многу е важно да ги знаете неговите главни симптоми.

Симптомите на корона вирус и обичниот грип се скоро исти, па сите се чудат како да го препознаат.

Коронавирусот можете да го препознаете бидејќи тој предизвикува респираторни проблеми, проследени со треска, кашлање и краток здив.

Главнатата и најголема разлика помеѓу овие два видови, односно коронавирусот и грипот, е во тоа што короната се развива постепено додека грипот настапува нагло.

– Најголемиот дел од вирусите на денешницата се слични на грипот. Американците ги нарекуваат „flu like“ или пак болести слични на грипот. Сè е тоа исто па и овој коронавирус има исти симптоми – изјавил неодамна д-р Бранимир Несторовиќ за „Телеграф.рс“ и додал дека невозможно е да се разликува грипот од обичната настинка освен доколку не се направи тест.

Како што лекарите многупати досега објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот, кога најголемиот број пациенти и се јавувале на лекување.

Вирусот докажано се пренесува на два метри оддалеченост па како да знаеме дали некој во наша близина е заразен од коронавирус?

Првите предзнаци на инфекцијата вклучуваат респираторни симптоми – температура, кашлање, губење на воздух и отежнато дишење, но и генерално чувство на малаксаност.

Коронавирусот некогаш може да доведе и до респираторни болести како што се воспаление на белите дробови или пак бронхитис.

Уште некои од симптомите на вирусот се:
– главоболка;
– кивавица и кашлање;
– тешкотии во дишењето;
– зголемен крвен притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter