Доколку не сакате да го пренесете вирусот дома, морате да внимавате на овие работи!

Моментално се наогаме во ситуација во која треба да бидеме претпазливи повќе од било кога.

Доколку сте биле на работа, во продавница или некаде во град ви препорачуваме да се придржувате кон следното:

Кога се наоѓате на јавни места, никогаш не заборавајте да носите медицински ракавици и заштитна маска. Доколку не сте во можност да носите таков вид заштита, тогаш облечете ги зимските ракавици и ставете марама над носот и устата.

Во ниту еден случај не се ракувајте или гушкајте со некого и не потпирајте се на која било површина. Избегнете го присуството во градскиот превоз.

По враќање дома:

  • Најпрво надвор пред вратата соблечете ги чевлите
  • Потоа извадете ги ракавиците, доколку носите ракавици кои се за еднократна употреба идтите се фрлаат во корпа, додека зимските ракавици мора да се перат во машина за перење алишта на 60 или повќе степени
  • Како следен чекор ја тргаме маската или доколку носите марама исперете ја во машината за перење исто како ракавиците
  • Облеката која ја носите на себе ставете ја во машината за перење алишта, освен вашата јакна или палто кои треба фа ги прпветрите или озложите на сонце
  • Измијте ги рацете темелно, правилно како што препорачуваат од СЗО
  • Користете хартија раце за да се избришете или пешкир што е лично ваш, кој ќе го  менувате секој ден.
  • Чевлите кои ги носевте во текот на денот испрскајте ги со асепсол и оставете ги пред вратата
  • Дезинфицирајте ги вратите, рачките, бравите, прекидачите, ѕвончињата итн.
    После сето ова, повторно измијте ги рацете со сапун и вода.

Се препорачува сите членови на домаќинството да имаат своја крпа за раце и лице што ќе се менува на крајот на денот.

Храната што е во конзерва или јогурт/млеко и шишиња сок мора да се дезинфекцицираат или измијат пред да се стават во ладилник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter