Додека цела Македонија ја бара, еве каде била исчезнатата Марија (шпекулации или вистина)

Засега ни е приоритет да утврдиме што точно се случило со младата Марија Брзакова. Ова за Фактор го изјавија од Јавното обвинителство на Македонија, од каде не сакаат да откриваат повеќе детали за случајот.

„Се уште се преземаат дејствија за да се утврди што точно се случило со исчезнатото лице. Преземаме се што е во наша моќ“, потенцираат од Обвинителството.

Ова се единствените штури информации кои доаѓаат од надлежните органи околу случајот кој предизвика голем интерес кај јавноста, дотолку повеќе што Брзакова, која е сопруга и мајка на тригодишно детенце, се води како исчезната веќе 18 дена.

А пред неколку дена бура во јавноста предизвика информацијата дека Марија, наводно, била во вториот месец од бременоста.

„Знам дека постов не е за тука, но ве молам споделувајте да се најде… 11 дена нема никаква трага“. Ова е постот кој пред неколку дена беше споделен на фејсбук, преку неколку од групите кои имаат бројни членови.

„Ве молиме за помош, Македонија, Србија, Бугарија, Романија“, пишува во своевидниот оглас. Во него пишуваше и дека младата дваесет и осум годишна Марија била бремена во вториот месец.

А на постот се налепија многу коментари, кои во отсуство на официјални информации, се единствените што можат да се добијат околу случајот преплетен со мистерија.

Дел од граѓаните што коментирале на постот претпоставуваат дека таа, наводно, побегнала во Швајцарија. Колку подолго ја нема младата жена, толку повеќе се шири и оваа шпекулација. А токму Марија и нејзиниот сопруг, како што говорат информациите, до скоро живееле во Швајцарија, но во септември се вратиле во родното село на родителите на сопругот.

Други граѓани, пак, што на постот коментирале дека имаат информации, потенцирале дека таа не можела да побегне без документи во странска држава.

Фактор го праша Обвинителството дали е точно дека Брзакова била бремена, но оттаму велат дека тоа не е во сфера на нивниот интерес. Дури и да има таква информација, не би ја споделиле со јавноста.

„Сега ни е приоритет да утврдиме што точно се случило со неа. Се испитуваат сите околности, сите фактори се земаат предвид“, велат од Обвинителството.

Случајот веќе го води надлежен обвинител од струмичкото обвинителство. Според сознанијата, веќе од фаза на предистрага, сега за оваа мистерија веќе се води истрага. Но, од Обвинителството не откриваат повеќе детали.

А исчезнувањето на Марија кое се случи на 18 јануари, нејзиниот сопруг го пријавил на 20 јануари, или три дена подоцна. Кога во саботата на 18 јануари младата мајка Марија Брзакова го напуштила својот дом, била облечена во темни тренерки, без документи и мобилен телефон кај себе.

ИЗВОР ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter