Денес свечено ќе биде подигнато знамето на нашата држава во седиштето на НАТО

Церемонија на подигнување на знамето на нашата држава ќе се одржи денес попладнево во седиштето на НАТО лоцирано во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

Свеченото подигнување на знамето предвидено е да се одржи во 15:00часот по лолално време, на кое е предвидено кусо обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претставник на Делегацијата на Северна Македонија во НАТО.
Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter